WebEmpower

Веб пристапност и дигитална инклузија во Северна Македонија

За проектот

Многу луѓе не можат да пристапат до јавните веб-сајтови поради визуелни, аудитивни, моторни или когнитивни потешкотии. Во оваа група спаѓаат слепи и лица со оштетен вид, лица кои користат читачи на екран, лица со ограничена моторика што зависат од тастатура или помошни уреди, како и лица со нарушувања во учењето, вниманието или перцепцијата.

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) го спроведува проектот „WebEmpower: Дигитална пристапност и социјална инклузија“, развиен во партнерство со Центарот за меѓународна соработка и развој (CMSR) од Словенија и официјално поддржан од Министерството за дигитална трансформација на Република Северна Македонија.

Овој проект претставува пионерска иницијатива во Северна Македонија насочена кон подобрување на дигиталната достапност за лицата со попреченост, постарите лица и другите ранливи групи. Проектот има за цел подигање на свеста за веб-пристапност, подготовка на институциите за претстојниот Закон за дигитална пристапност, и усогласување со европските стандарди (WCAG 2.1 и ЕУ Директивата за веб-пристапност)

Клучни активности

Проектот се спроведува преку серија на меѓусебно поврзани едукативни и аналитички активности

Обука на кадар и студенти

Трансфер на знаење (Train-the-trainer) за наставниот кадар на ФИНКИ и специјализирани обуки за студенти за техничка евалуација на веб-страницaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaa

Повеќе